Кошаркарскиот клуб Дубаи се подготвува за својата дебитантска сезона во Евролигата и, како што тврдат европските кошаркарски медиуми, веќе е активен на трансфер пазарот.
Минатата недела излезе информација дека е договорен Џанан Муса кој ќе потпише тригодишен договор за 10 милиони долари, а најверојатно друштво ќе му прави неговиот сонародник и соиграч од репрезентацијата Кенан Камењаш. Кошаркарот на Будуќност оваа сезона игра одлично во Еврокупот и АБА лигата, има просек од 10,7 поени и 6,3 скока по меч, а особено се истакна во понеделникот, во дуелот против Партизан.
Ако ова се оствари, Дубаи ќе го зголеми бројот на кошаркари во тимот кои се од државите од поранешна Југославија. Во моментов, таму се Србите, Дангубиќ, Ускоковиќ и Анѓушиќ, потоа Словенецот, Препелиќ и Хрватот, Радошевиќ, тренер е Словенецот, Големац, а во неговиот стручен штаб се Матковиќ од Хрватска и Његовановиќ од БиХ.


