Првпат во кариерата, литванскиот стручњак Шарунас Јасикевичиус е прогласен за тренер на годината во Евролигата.
Ваквата одлука е мало изненадување ако се знае дека тој со неговиот Фенербахче го освои вториот дел по основниот дел на сезоната, зад Олимпијакос, но Јоргос Барцокас овојпат беше изземен и не стигна до своето четврто признание. Јасикевичиус е и прв Литванец кој ја добива наградата „Александар Гомељски“, а воедно стана прв што бил МВП и потоа тренер на годината во Евролигата.
Тој беше прогласен за најкорисен играч во елитното натпреварување во 2005 година, кога го носеше дресот на Макаби, а точно две децении подоцна ја добива и најголемата тренерска награда во европската кошарка.
При гласањето, Јасикевичиус ги остави зад себе Барцокас и тренерите на Баерн и Париз, Гордон Херберт и Тијаго Сплитер кои го поделија третото место. Зад нив останаа Лука Банки од Анадолу Ефес, Жоан Пењароја од Барселона, Одед Каташ од Макаби итн.


