Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е прогласен за најкорисен играч во сезоната 2024/25 во Евролигата.
Американецот имаше одлична сезона која ја заврши како најдобар стрелец со просек од 21,1 поен по натпревар, а додаде уште 4,3 асистенции, 3,6 асистенции 1 украдена топка. Панатинаикос го освои третото место во основниот дел, но тоа не беше пречка Нан првпат во својата кариера да се закити со ласкавото признание.
𝐊𝐞𝐧𝐝𝐫𝐢𝐜𝐤 𝐍𝐮𝐧𝐧 𝐢𝐬 𝐭𝐡𝐞 𝟐𝟎𝟐𝟒-𝟐𝟎𝟐𝟓 𝐄𝐮𝐫𝐨𝐋𝐞𝐚𝐠𝐮𝐞 𝐌𝐕𝐏 🏆
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 21, 2025
𝐓𝐡𝐞 𝐏𝐚𝐧𝐚𝐭𝐡𝐢𝐧𝐚𝐢𝐤𝐨𝐬 𝐀𝐊𝐓𝐎𝐑 𝐀𝐭𝐡𝐞𝐧𝐬 𝐠𝐮𝐚𝐫𝐝 𝐡𝐚𝐝 𝐚𝐧 𝐮𝐧𝐟𝐨𝐫𝐠𝐞𝐭𝐭𝐚𝐛𝐥𝐞 𝐫𝐞𝐠𝐮𝐥𝐚𝐫 𝐬𝐞𝐚𝐬𝐨𝐧, 𝐛𝐫𝐞𝐚𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐩𝐨𝐢𝐧𝐭𝐬 𝐫𝐞𝐜𝐨𝐫𝐝𝐬 𝐚𝐧𝐝… pic.twitter.com/umnKTJ0AVB
Ова е мало изненадување затоа што многумина со МВП признанието го видоа бугарскиот репрезентативец Александар Везенков, пред се поради тоа што неговиот Олимпијакос го освои првото место. Ни македонскиот интернационалец Ти Џеј Шортс, сепак, не успеа да дојде до наградата, но утеха му е тоа што е дел од идеалната петорка.


