Исклучително бурна беше прес-конференцијата по синоќешниот меч од евролигашкиот плејоф меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес.
Во главна улога, се разбира, беше тренерот на актуелниот европски шампион Ергин Атаман кој играше против својот поранешен клуб. Тој беше изнервиран од некои потези на колегата од противничкиот табор Лука Банки, пред се од одлуката Ефес да тренира во арената на Олимпијакос, во Пиреја.
„Сакам да му порачам на својот пријател Лука Банки – мразам кога некои луѓе ми се смешкаат, а потоа зад грб прават чудни работи. Лука, можеш да ги прашаш играчите дали во петте години во Олимпијакос некогаш сум покажувал снимки од тренинзи на противнички екипи.
Не разбирам и зошто Анадолу Ефес тренираше во арената на Олимпијакос, а не во ОАКА. Можеш да ги прашаш играчите, Ларки, Брајант… дали сум направил такво нешто. Оди сега тренирај во Пиреја“, порача Атаман.
Вториот меч од четвртфиналната серија се игра утре, повторно во Атина по што екипите се селат во Истанбул.


