Францускиот првак Монако на исклучително моќен начин ја почна плејоф серијата против Барселона откако вечерва на домашен терен триумфираше со 97-80.
Иако првото полувреме помина во израмнета игра, Барса во ниеден момент не беше блиску до триумф бидејќи третиот период му припадна на домаќинот со 32-17 и по 30 минути игра, Монако веќе водеше со 17 поени разлика. Во последниот период беше и +19 за тимот на Спанулис за водство од 1-0 пред вториот меч кој се игра на истото место за два дена.
Тајс и Џејмс со по 22 поена беа први играчи на натпреварот, Окобо додаде 19, а Жајте 10. Кевин Пантер со 16 поени ја предводеше Барса, а се истакна и Јусуфа Фал со 13 поени и 14 скока.


