Турскиот прволигаш Фенербахче поведе со 2-0 во четвртфиналната серија од Евролигата откако вечерва го совлада Париз со 89-72.
За разлика од првиот меч, кој исто така се одигра во Истанбул, Фенер сега беше далеку подоминантен и целата работа ја заврши уште во првото полувреме. По 20 минути игра, на семафорот стоеше 61-38, а Париз не беше ни сенка на онаа екипа која пред два дена го намачи Фенербахче и беше на чекор од изненадување.
Тарик Биберовиќ беше најефикасен со 20 поени, додека кај Париз, традиционално, Шортс заврши како прв стрелец со 18 поени.
Следниот меч од серијата, кој може да биде и последен, се игра во вторник во Париз и ако Фенербахче победи, ќе се пласира на завршниот турнир од Евролигата, во Абу Даби.


