Пред две години на Реал Мадрид му успеа да направи тежок инцидент против Партизан и да се спаси од елиминација во четвртфиналето од плејофот.
Тогаш Серхио Љуљ го удри Кевин Пантер, овој му врати, се вмешаа и другите кошаркари и дојде до масовна тепачка по која подебелиот крај го извлекоа играчите на белградскиот тим. Двајца добија суспензија, еден се повреди и Реал потоа ги доби следните три меча што му обезбеди пласман на завршниот турнир и таму ја освои титулата.
Usman Garuba ve Walter Tavares ne yapıyor?
— Euroleague Time (@euroleague_time) April 25, 2025
🎥 @EuroLeague pic.twitter.com/03twlYyJhx
Нешто слично синоќа се обидоа да направат Валтер Таварес и Усман Гаруба, но не наидоа на реакција како онаа на Пантер пред две години. На десетина секунди пред крајот на вториот меч кога Олимпијакос водеше со шест разлика против Реал и се знаеше дека ќе поведе со 2-0, двајцата кошаркари му се нафрлија на Алекс Питерс, нанесувајќи му неколку удари и шлаканици по телото, во обид да направат лична грешка.
За разлика од Пантер, Питерс иако покажа нервоза поради агресијата на противничките играчи, не се обиде да им врати и мечот мирно заврши, па Олимпијакос сега има убава предност и е пред нов пласман на Ф4 од Евролигата.


