Легендарниот српски кошаркар, сега тренер Александар Ѓорѓевиќ се осврна на ситуацијата во италијанската кошарка и конкретно во Олимпија Милано.
За порталот Република Милано, тој се осврна и на ситуацијата со Ненад Димитријевиќ кој ја игра првата сезона во редовите на италијанскиот шампион.
„Очигледно е дека кај Олимпија Милано недостасуваше Нибо бидејќи е висок играч, клучен за триаголникот на кој се гради играта. Но, јас секогаш велам дека за победа се потребни три работи: бекови, бекови и бекови бидејќи тие носат одлуки. Во Олимпија Милано видовме многу силни бекови, но многу не ги издржаа споредбите, притисокот, негодувањето на незадоволната публика која на теренот во Форум многу добро се слуша. Болмаро излезе како победник, Димитријевиќ не“, анализира Ѓорѓевиќ.
Димитријевиќ очигледно има конфликт со тренерот Еторе Месина бидејќи е надвор од тимот безмалку еден месец, а последниот натпревар го одигра на 6 април, против Реџо Емилија во домашното првенство. Миланските медиуми тогаш објавија дека репрезентативецот на Македонија повеќе нема да заигра за Олимпија и засега тоа се остварува.


