Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ откри интересни детали во врска со неговиот соиграч од националниот тим Никола Јокиќ од периодот кога тој ја почнувал својата професионална кариера.
Тој тврди дека сегашниот суперстар на Денвер Нагетс бил пред трансфер во Партизан кога имал 18 години.
„Јокиќ требаше да дојде во Партизан и да игра со нас. Сепак, остана во Мега бидејќи таму имаше поважна улога. Не го сакав воопшто, не шутираше, туку само додаваше. Можеше секогаш да поентира ’еден на еден’, ама ретко го правеше тоа“, рече Богдановиќ во интервју за американски портал.
Една година подоцна Јокиќ беше избран како 41. пик од Денвер Нагетс, а во 2015 замина во НБА лигата и стана еден од најдобрите на сите времиња. Во втората сезона во Мега имаше просек од 15,4 поени, 9,3 скока и 3,5 асистенции.


