Контроверзниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман повторно направи циркус на теренот во Истанбул.
Неговиот тим загуби од Анадолу Ефес и ќе мора да игра „мајсторка“ за пласман на Ф4 од Евролигата, а тоа очигледно лошо му падна на трофејниот стручњак. Кога веќе стана јасно дека Ефес ќе слави и поведе со +7 на околу 40 секунди пред крајот, навивачите почнаа да му фаќаат сеир на поранешниот тренер на турскиот тим и да го провоцираат со неколку слогани.
İnanılmaz… Ergin Ataman, “Mola Alsana” tezahüratlarına Euroleague şampiyonluklarını hatırlatarak cevap verdi. 👀 pic.twitter.com/zNW2i4B9PY
— Tan Özbudun (@tanozbudun1) May 2, 2025
Атаман збесна и при еден тајмаут го напушти теренот, заминувајќи театрално во соблекувалната, но пред да го направи тоа, гестикулираше кон најжестоките навивачи на Ефес, во обид да им покаже дека му донесе две титули во Евролигата на клубот од Истанбул. Колку бил бесен, најдобро зборува тоа што подоцна не се појавил на соблелувалната, туку на негово место, пред новинарите излегол помошникот.


