И екипите на Монако и Барселона ќе играат „мајсторка“ за пласман на завршниот турнир од Евролигата откако каталонскиот тим денеска на домашен терен славеше во четвртиот меч со 79-72.
По првите два натпревара изгледаше дека Монако е супериорен во оваа серија и дека без проблеми ќе обезбеди виза за Абу Даби, но кошаркарите на Барселона одбија да се покорат. Добро почнаа, во втората четвртина тотално паднаа, но со пожртвувана игра во второто полувреме и со огромна поддршка од трибините успеа да дојде до посакуваниот триумф за израмнување на 2-2.
Клучниот меч ќе се игра на теренот на Монако, но Барселона ќе има што да каже, во обид да се врати на завршниот турнир од Евролигата.


