Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос е казнет со 100 илјади евра од Евролига поради критикување на судиите на четвртиот меч од серијата со Анадолу Ефес, како и за упатени навреди кон претседателот на Евролига, Дејан Бодирога.
Контроверзниот сопственик на актуелниот европски шампион сними видео веднаш по завршувањето на четвртиот меч на кој изрече се и сешто, ги навреди сите инволвирани во водството на Евролигата, како и судии кои воопшто не беа дел од тој натпревар. Казната од 100 илјади евра е историски највисока во елитното кошаркарско натпреварување, а Јанакопулос и претхидно беше жестоко казнуван, еднаш со 80 и еднаш со 50 илјади евра.
Газдата на ПАО пред десетина дена изјави дека би можел да размисли за истапување од Евролига имајќи предвид дека договорот на неговиот клуб со оваа организација истекува во 2026 година.


