Германскиот прволигаш Алба би можел да повлече нога кога станува збор за преселбата на евролигашите во натпреварувањата на ФИБА.
Клубот од Берлин во текот на оваа недела објави дека се сели во Лигата на шампионите, а по тој би можела да оди и Црвена Звезда. Иако малкумина веруваат во вакво сценарио, српските медиуми тврдат дека големата сума што ја бара Евролига за учество, односно лиценца во тоа натпреварување може да ги натера белграѓани да го напуштање на друштвото.
Познато е дека Евролига им побара на Звезда и Партизан пет милиони евра за тригодишна лиценца, но за возврат не понуди ништо, ниту приходи од телевизиските права. Од друга страна, ФИБА во старт нуди бонус од еден милион евра за учество во Лигата на шампионите и потоа дополнителни приходи по други основи.
Друштвото во Лигата на шампионите од година во година е се посилно, не е како во Евролигата, но таму учествуваат Уникаха, Галатасарај, Тенерифе, АЕК, Мурсија, а од идната сезона и Алба.


