По две години во Париз, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс летово ќе ја смени средината и ќе се пресели во Панатинаикос, тврдат денеска грчките медиуми.
За плејмејкерот беа заинтересирани и Олимпијакос, Фенербахче и Реал, но ПАО бил најконкретен и двете страни постигнале договор за меѓусебна соработка. Според информациите од нашиот јужен сосед, Шортс ќе потпише договор на три сезони во кој ќе нема НБА клаузула, а сопственикот Димитрис Јанакопулос му ги исполнил сите желби.
Ако ова се потврди, Панатиникос ќе ја има можеби најсилната бековска линија на сите времиња во Евролигата затоа што друштво на Шортс ќе му прават МВП од последната сезона Кендрик Нан, потоа „вечниот“ Костас Слукас и поранешниот НБА играч Џериан Грант.


