Финалето од грчкото првенство секоја година е на ниво на војна меѓу Панатинаикос и Олимијакос и нивните фанови, па исклучок не е ни оваа сезона.
Ένταση στο παρκέ με Γιαννακόπουλο, 10 λεπτά πριν από το τζάμπολ του Ολυμπιακός – Παναθηναϊκός pic.twitter.com/f95TqntoLD
— SPORT24 (@sport24) June 1, 2025
Вечерва во Пиреја се игра вториот натпревар од серијата, а во центарот на вниманието беше контроверзниот сопственик на ПАО, Димитрис Јанакопулос. Иако е суспендиран, тој го најави своето доаѓање во арената „Мир и пријателство“, пристигна таму, но не го дочека ни потфрлањето на топката,
Η στιγμή της αποχώρησης του Δημήτρη Γιαννακόπουλου από το παρκέ του ΣΕΦ pic.twitter.com/rdzlUppdF0
— SPORT24 (@sport24) June 1, 2025
Додека беше во арената, влезе во расправија со сите, од навивачите на Олимпијакос, преку полицијата, до официјалните лица и делегатот на кого три пати му се жалеше дека имало навредливи скандирања од трибините за него и неговото семејство, особено ќерка му. Во еден момент изненадувачки се смири и седна на своето место, со крената нога на рекламата, но пред самиот почеток на мечот беше избркан поради непристојни гестикулации и покажување среден прст кон домашните навивачи.
ΓΑΜΑ ΤΟΥΣ ΤΗΝ ΜΑΝΑ ΓΙΑΝΝΑΚΟΠΟΥΛΕ
— 𝙏𝙖𝙥𝙞𝙣𝙝𝙤☘️🚬 (@Tapinho13) June 1, 2025
#paobc pic.twitter.com/rksz55myFk
Во грчките медиуми осамнаа информации дека на полицајците им порачал или да го уапсат или да го пуштат да го гледа натпреварот, но Панатинаикос го демантираше тоа.


