Откако неодамна беше прогласен за МВП на Лигата на шампионите и во основниот дел и во плејофот, бразилскиот интернационалец Марселино Уертас продолжи да блеска и во шпанското првенство.
Синоќа неговиот Тенерифе го почна плејофот од АЦБ лигата со дуелот против Хувентут, а Марселино постигна повеќе од третина од поените на својот тим. Иако има 42 години, тој реализира 39 поени и 6 асистенции за индекс 41, поставувајќи или израмнувајќи притоа дури четири рекорди.
Го израмни рекордот на Тенерифе по број на поени на еден натпревар, го собори рекордот на АЦБ лигата по број на постигнати поени од играч на возраст над 40 години, го собори индекс рекордот на играч на Тенерифе и постави нов рекорд по бројот на натпревари со двоцифрен број поени (54) за играч над 40-годишна возраст.
Освен тоа, 39. поени на Марселино се најмногу на еден кошаркар на плејоф натпревар од 1993 година. Рекордер во оваа категорија е поранешниот играч на Естудијантес, Дејвид Расел кој во 1987 година постигна 43 поени.


