Десетина дена по најголемиот успех во историјата на клубот, пласманот во финалето од Евролигата, ситуацијата во Монако е далеку од идеална.
Познато е дека Мајк Џејмс е суспендиран поради тепачка во ресторан, но тренерот Василис Спанулис има проблем со уште тројца кошаркари. Станува збор за Калатес, Папајанис и Мотиејунас кои се здружиле поради тоа што доцнеле платите и не тренираат. За Монако ваквата ситуација е нетипична бидејќи важеше за еден од најстабилните клубови во Европа.
Како резултат на тоа што се случуваше, Монако синоќа загуби со 74-94 од Асвел на стартот на полуфиналната серија во француското првенство.


