Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс одигра уште еден неверојатен натпревар во дресот на Париз и го одведе тимот на само една победа до пласман во финалето од францускиот плејоф.
Тимот од престолнината го совлада Бурж со 117-103 за водство од 2-0 пред двата меча кои се играат на теренот на противникот. Бурж беше подобар тим во првото полувреме на голем одмор замина со минимално водство, од 57-55, а само поради Шортс таа предност не беше поголема, имајќи предвид дека во еден период гостите водеа и со десет разлика. На голем одмор, македонскиот репрезентативец замина со 19 поени и 4 асистенции.

Сепак, во третиот период дојде до пресврт, Париз го сврте резултатот во своја корист, а во последниот период поведе и со 20 поени разлика, па до крајот се играше мирно и ефикасно, на задоволство на публиката.
Шортс го заврши мечот со дабл дабл од 34 поени и 11 скока за индекс 43, десетти највисок ефект во историјата на плејофот од француското првенство. Во втората полуфинална серија играат Асвел и Монако и таму резултатот е 1-1.


