Фантастичната сезона во Евролигата на Париз го привлече вниманието на светската кошаркарска јавност, па клубовите буквално ќе го разграбаат она што е во него во моментов.
Тоа што се шпекулираше одамна, денеска доби потврда откако тренерот Тијаго Сплитер ги договори условите со Портланд Трејл Блејзерс и од идната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на овој тим. За Бразилецот тоа нема да биде прв НБА искуство бидејќи пред да дојде во Париз, работеше како асистент и во Бруклин и Хјустон. Прв тренер на Портланд е Чонси Билапс кој веќе четири години го води тимот од Орегон.
Покрај Сплитер, извесно е дека Париз ќе остане без јадрото на тимот. Ти Џеј Шортс е пред трансфер во Панатинаикос, Микаел Јантунен наводно се договорил со Фенербахче, Тајсон Ворд би требало да го засили Олимпијакос, а на излезна врата се и Кевариус Хејс и Надир Хифи.


