Екипата на Париз е прв финалист во француското кошаркарско првенство откако вечерва како гостин го совлада Бурж со 103-93 и со вкупни 3-0 обезбеди пласман во серијата за титулата.
Домаќините добро се држеа во првите три четвртини, по 30 минути игра беше нерешено, но во финалниот период Бурж не успеа да го задржи темпото и мораше да капитулира. Повторно убедливо најзаслужен за триумфот на Париз беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 27 поени и 14 асистенции за индекс 31.
Во финалето, Париз ќе игра со подобриот од серијата меѓу Монако и Асвел каде актуелниот шампион денеска славеше со 74-64 и поведе со 2-1.


