Најтрофејниот полски клуб Шлонск вчера ја прекина соработката со Александар Јончевски и веднаш ја назначи неговата замена.
На клупата на клубот од Вроцлав седнува 56-годишниот грчки стручњак Арис Ликојанис кој до пред извесен период беше тренер на Паниониос. Во својата 25-годишна тренерска кариера, меѓу другите, го водел ПАОК, потоа португалскиот Спортинг, а краток период, во 2015 година, бил и асистент во Панатинаикос.
Ликојанис го презема Шлонск како осмопласиран во полското првенство со биланс 12/12, со добри шанси да остане во плејин зоната. Тој веќе почна со работа и попладнево го одржа првиот тренинг со новиот тим.


