Поранешниот европски шампион Барселона оваа сезона не игра на посакуваното ниво, има големи проблеми и со повредени играчи, а покрај тоа се соочува и со финансиски главоболки поради што е можен тотален дебакл на сите полиња.
„Виси“ местото во плејофот или плејаутот од Евролигата, во првенството пласманот е ужасен и исто така е можно „каталонците“ да не влезат во топ-8, од Купот испаднаа во четвртфиналето, а раководството не планира да преземе нешто по овие прашања. Колатерална штета од сето тоа најверојатно ќе биде Кевин Пантер, еден од најдобрите играчи на Барселона оваа сезона.
Американецот има превисока плата за можностите на Барса во овој момент и затоа најверојатно ќе биде пуштен да си замине како слободен играч на крајот на сезоната. Тој имаше договор на 1+1 сезона, но многу веројатно нема да биде искористена опција за втора заедничка година, па Пантер ќе мора да бара нова средина.


