Израел Гонзалес е четврта тренерска жртва во Евролигата оваа сезона откако денеска доби отказ од функцијата во Алба.
Тој си заминува по осум години поминати во клубот од Берлин од кои првите четири како помошен, а вторите како главен тренер на тимот. Алба ја водеше на вкупно 290 натпревари, а претходно му беше асистент на Аито Гарсија Ренесес.
Israel González freigestellt / Pedro Calles übernimmt als Cheftrainer
— ALBA BERLIN (@albaberlin) March 12, 2025
Wir haben unseren Cheftrainer Israel González mit sofortiger Wirkung freigestellt. Diese Entscheidung teilten die Club-Verantwortlichen dem Team am Mittwochmorgen mit.
Gracias por todo, Isra! pic.twitter.com/C3FegH2XkY
Иако е стандарден учесник во Евролигата, Алба е еден од најслабите тимови во ова натпреварување со тоа што сезонава потфрла и во германското првенство, па раководството на клубот одлучи да направи промена. Рано испадна од Купот на Германија, а во шампионатот се наоѓа на 10. место што е далеку од амбициите на некогашниот шампион.
На местото на Гонзалес, доаѓа неговиот досегашен помошник Педро Каљес кој е во клубот од почетокот на оваа година. Од тоа може да се заклучи дека промената на тренерската позиција била однапред планирана.
Пред Алба, своите тренери во текот на сезоната ги сменија уште Монако, Виртус и Анадолу Ефес.


