На два дена пред почетокот на завршниот турнир од Евролигата, оваа организација објави список на клубовите кои имаат најмногу учества на Ф4.
Апсолутен рекордер е ЦСКА Москва која иако четири години не учествува во Евролигата, се уште е на првото место со 20 настапи на завршните турнири на кои освои осум титули. Зад неа е Барселона со 17 и најлош ефект од само два трофеја, Реал има 14, Олимпијакос 13, а кругот на екипи со двоцифрен број учества го затвораат Панатинаикос и Макаби со по 12.
Од просторите на поранешна Југославија, најмногу настапи на Ф4 има Партизан – 4 со освоена една титула, во 1992 година. Сепак, само еден клуб има максимален ефект на завршните турнири од Евролигата. Станува збор за Југопластика, сегашен Сплит, кој три пати учествуваше на овие настани и освои исто толку трофеи и тоа по ред, во периодот од 1989 до 1991 година.
Предвид е земен и периодот кога Ф4 го организираше ФИБА, а треба да се знае дека од 1968 до 1987 година не се одржуваше завршен турнир, туку најдобрите две екипи од лигашкиот дел играа финале.


