Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се наоѓа во одлична форма пред клучните натпревари на нашиот национален тим во квалификациите за Европското првенство, против Естонија и Полска.
Синоќа Олимпија Милано славеше на гостувањето кај Сасари со 78-72, а плејмејкерот на италијанскиот првак беше најдобар играч во својот тим. За 24 минути игра, Димитријевиќ постигна 15 поени, 9 скока и 2 асистенции за индекс 22, највисок во неговиот тим.
Ова е трета победа по ред за Олимпија Милано со што се зацврсти на петтата позиција на табелата пред завршницата од Купот на Италија кој е на програмата претстојната недела.


