Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел со трофеј да дојде на подготовки на националниот тим, ако вечерва со Олимпија Милано триумфира во Купот на Италија.
Синоќа, шампионот ја победи Бреша со 74-69 и вечерва ќе се сретне со тимот на Тренто кој беше подобар од Трст. Според обложувалниците, Олимпија Милано е голем фаворит за триумф во финалето и покрај тоа што Тренто во моментов е лидер на табелата во италијанското првенство. Финалниот натпревар се игра од 17:15 часот во Торино.
Димитријевиќ веќе освои титула со Олимпија Милано во италијанската кошарка и тоа во Суперкупот во септември кога беше прогласен и за МВП.


