Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел да си замине од Олимпија Милано по само една сезона во дресот на италијанскиот првак.
Такво нешто најавува новинарот од Италија, Андреа Калцони кој додава дека на местото на Димитријевиќ, Олимпија Милано сака да го ангажира британскиот интернационалец Квин Елис кој игра за Тренто. Македонскиот репрезентативец во италијанскиот шампион дојде минатото лето по две фантастични години во Уникс и тогаш потпиша договор на две години што значи дека е врзан за клубот од Милано до 2026.
На 25 натпревари во Евролигата, Димитријевиќ просечно постигнуваше по 7,9 поени, додека во италијанското првенство одигра 13 меча со просек од 8,5 поени. Не е исклучено овие шпекулации дека се поврзани со фактот што тренерот Еторе Месина ја работи последната сезона од договорот со Олимпија Милано и можно е и тој да си замине претстојното лето.


