Бура од еммоции на двете страни предизвика синоќешниот натпревар меѓу Баерн и Црвена Звезда во плејинот од Евролигата.
Славеше германскиот првак, но во текот на мечот имаше неколку инциденти од актерите на теренот и функционерите. Во една од главните улоги беше директорот на Црвена Звезда, Немања Васиљевиќ кој поради жестоките реакции беше исфрлен од салата, но ни потоа не можеше да се смири.
— Jaime (@abubekir_oumaru) April 15, 2025
Додека одеше кон ходникот урлаше и ги навредуваше судиите, а потоа го соблече сакото сако и го фрли.


