Крилниот играч на Црвена Звезда, Огњен Добриќ на дуелот против Алба влезе во топ-10 стрелци во историјата на белградскиот клуб.
Репрезентативецот на Србија стигна до 3.902 поена во кариерата и можно е веќе викендов да ја мине границата од 4.000. Нема сомнение дека наскоро Добриќ ќе го помине Игор Ракочевиќ кој во моментов е на деветтото место на вечната листа на стрелци со 4.013.
Апсолутен лидер на оваа листа е легендарниот Драган Капичиќ со 6.209 поени, а зад него се Владимир Цветковиќ, Слободан Николиќ, Небојша Илиќ, Драгиша Вучиниќ, Љубодраг Симоновиќ, Предраг Богосављев и Зоран Славниќ.
Добриќ е член на Црвена Звезда веќе десетта сезона, досега одигра 470 натпревари и освои вкупно 15 трофеи. Неговиот актуелен договор е со важност до 2027 година, па ќе има можност дополнително да напредува на листата на стрелци.


