Ждрепката одржана денеска во Рига ги одреди групите за претстојниот Еуробаскет кој ќе се одржи кон крајот на август и почетокот на септември.
Најмногу среќа имаше селекцијата на Србија која ќе игра во групата А во Рига и постои голема веројатност во летонската престолнина да остане до крајот на шампионатот. Покрај домаќинот, актуелниот светски вицешампион за противници ги доби Естонија, Португалија, Чешка и Турција и во оваа конкуренција, ако настапи во најсилен состав, се освен прво место ќе биде огромно изненадување.

Светскиот првак Германија ќе биде на тежок испит бидејќи падна во групата во Тампере, заедно со амбициозниот домаќин Финска, , плус Литванија, Шведска, Велика Британија и Црна Гора.
Групите Ц и Д најавуваат неколку интересни пресметки. Бранителот на титулата Шпанија е во групата на Кипар, заедно со Грција, додека во Полска ќе се судрат Словенија и Франција, со своите НБА суперѕвезди Лука Дончиќ и Виктор Вембанјама.
Пласман во нокаут фазата обезбедуваат најдобрите четири екипи од секоја група, а завршниот дел од првенството ќе се игра во Рига.


