Кризата во која западна последната недела и трите порази во низа, се одразија на пласманот на Олимпијакос на табелата во Евролигата.
Фенербахче вечерва ја победи Басконија со 82-77 и се искачи на првото место иако турскиот и грчкиот тим се со идентичен биланс (22/20) и јасно е дека ќе ја имаат предноста на домашниот терен во четвртфиналето. Олимпијакос има нешто полесен распоред во последните две кола бидејќи гостува на Алба и го пречекува Макаби, додека Фенер идната недела се среќава со Барселона на домашен терен, а на крајот оди кај Баерн кој се бори за пласман во плејофот.
Имајќи ја предвид традицијата во Евролигата која вели дека никогаш откако се игра по овој систем, лидерот по основниот дел од сезоната не ја освоил шампионската титула, веројатно ни Олимпијакос, ни Фенербахче во моментов не го сакаат првото место.


