Најдобриот босански кошаркар во моментов Џанан Муса по се изгледа ги поминува последните месеци во тимот на Реал Мадрид.
Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а со оглед на тоа што нема најави за продолжување, многу веројатно Муса ќе се пресели во Дубаи. Амбициозниот проект од Обединетите Арапски Емирати претстојната сезона треба да дебитира во Евролигата и еден од главните адути ќе биде токму репрезентативецот на БиХ.
Според информациите во босанските медиуми, тој се согласил на тригодишен договор за вкупна сума од 10 милиони долари со што ќе биде еден од најплатените играчи во европската кошарка. Муса беше голема желба на раководството на Дубаи која се исполнува уште пред да заврши оваа сезона.


