Наспроти општото убедување дека во македонското првенство играат „третокласни странци“, кошаркари кои не така одамна настапувале тука, сега блескаат во други, многу посилни лиги.
⭐️ ¡KENDRICK PERRY, #MVPMovistar de la #CopaACB Gran Canaria 2025!@unicajaCB | @kendrick3perry | @movistar_es pic.twitter.com/r6NDwfNyVZ
— #CopaACB (@ACBCOM) February 16, 2025
Само вечерва, двајца поранешни кошаркари на македонски клубови освоија МВП признанија во куп-натпреварувањата во земјите во кои играат. Поранешниот член на Карпош Соколи, Кендрик Пери втора година по ред е освојувач на шпанскиот куп со Уникаха и втора година по ред е МВП на завршниот турнир. Нему му се придружи некогашниот играч на МЗТ Скопје, Тодрик Гочер кој е прогласен за МВП на полскиот куп откако вечерва му го донесе првиот трофеј на Горник Валбжих во клупската историја.

Во финалниот дуел од шпанскиот Куп, Уникаха го совлада големиот Реал со 93-79, а Пери постигна 27 поени, 6 асистенции и 2 скока. Горник Валбжих во мечот за трофејот го совлада Шчечин со 80-78, а кошот за победа го постигна токму Гочер кој го заврши натпреварот со 24 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Znakomicie rozrysowana akcja. Świetna egzekucja 👌
Ładny floater. Toddrick Gotcher game-winner 🏀 #plkpl pic.twitter.com/LaFqjkT0Dn— Mateusz Połuszańczyk (@MatPoluszanczyk) February 16, 2025
Пери беше член на Карпош Соколи, клуб кој веќе не постои, во сезоната 2016/17 и тогаш беше меѓу најзаслужните за триумфот во Купот на Македонија, а тимот играше и во финалето од плејофот каде по голема борба загуби од МЗТ Скопје со 3-2. Гочер го носеше дресот на МЗТ Скопје два месеца на почетокот од сезоната 2020/21 по што замина во малку познат грчки клуб. Во Полска е од оваа сезона и е една од најголемите ѕвезди во шампионатот на оваа земја.


