На коло пред крајот на основниот дел од сезоната, Партизан официјално ги загуби шансите за пласман во плејаутот.
Тие беа теоретски и минимални и пред вечерашниот меч против Жалгирис, но литванскиот тим победи со 70-66 и му пресуди на „црно-белите“, повлекувајќи го со себе откако минатата недела и тој остана без изгледи за место кое во разигрувањето за титулата. Натпреварот во Каунас беше далеку од атрактивен, двете екипи играа очајно, но Жалгирис се снајде нешто подобро и заслужено славеше.
Ова е крај на очајната сезона на Партизан кој пред нејзиниот почеток направи целосен ремонт на екипата и најави дека е подготвен да се врати во европскиот кошаркарски крем. Се чини дека одлучувачки беше катастрофалниот старт, односно првите 10 кола во кои белградскиот тим оствари само две победи. Подоцна успеа да се врати на 50%, но напорот што тогаш го дадоа кошаркарите, дојде на наплата во финишот од сезоната во Евролигата.
По загубениот Куп, сега и елиминацијата од Евролигата, сезоната за Партизан може да ја спаси само титула во АБА.


