Селекторот на грчката репрезентација Василис Спанулис потврди дека најдобриот играч во оваа земја Јанис Адетокунбо ќе настапи на претстојниот Еуробаскет кој ќе се одржи летово.
По учеството на Олимписките игри во Париз, суперѕвездата на Милвоки Бакс се обврза да игра на уште едно големо натпреварување и тоа ќе го исполни на континенталниот шампионат.
„Во текот на летото го градиме нашиот однос, не само јас и Јанис, туку и останатите кошаркари. Колку уживаше на нашиот пат до Олимписките игри, најдобро покажува неговата желба да игра и на Европското првенство“, изјави Спанулис на стартот на подготовките за последните два квалификациски натпревари.
Грција формално не е пласирана на Европското првенство, но ѝ треба една победа во последните две кола за да го направи тоа.


