Евролигата од идната сезона ќе има нов учесник откако Хапоел Тел Авив ја оправда фаворитската улога и ја освои титулата во Еврокупот.
Хапоел беше подобар од Гран Канарија во финалната серија со 2-0, а вториот триумф го оствари синоќа во Шпанија, каде триумфираше со 103-94. Ова значи дека идната сезона во Евролигата ќе има уште едно градско дерби, покрај белградското и атинското. Хапоел Тел Авив е втор израелски тим со титула во ова натпреварување, по Хапоел Ерусалим кој славеше во 2004 година.
Грчкиот стручњак Димитрис Итудис им се придружи на Душан Ивковиќ и Ергин Атаман како тренер во историјата со трофеи во Еврокупот и во Евролигата. За МВП на финалната серија е прогласен кошаркарот на Хапоел, Џонатан Мотли кој лани ја напушти Евролигата за да ги оствари амбициите на клубот од Тел Авив.


