Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња доби суспензија од еден натпревар и 5.000 евра поради дивеењето и исклучувањето на мечот против Монако одигран минатата недела.
На тој дуел, Хезоња мораше да замине во соблекувална на средина од последната четвртина откако тргна да се тепа со судиите. Со оглед на тоа што исклучувањето на му е прво оваа сезона, Евролига му изрече ригорозна казна.
Сето ова се случува на ден пред тешкото гостување на Реал, кај Фенербахче. На тој натпревар најверојатно нема да игра ни Џанан Муса кој вчера против Анадолу Ефес доживеа повреда на скочниот зглоб.
Хезоња не е единствен казнет за инциденти од минатата сезона. Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман мора да плати 6.000 евра, а актуелниот европски шампион дополнителни 2.000 поради однесувањето на публиката на мечот против Жалгирис.


