Репрезентативецот на Јужен Судан, Карлик Џонс тврди дека Партизан личи на кандидат за титулата во Евролигата.
„Црно-белите“ вечерва го совладаа Монако и останаа во борба за местата кои водат во плејинот, па дури и во плејофот, ако се погодат некои резултати до крајот на основниот дел.
„Би рекол дека Партизан е еден од најдобрите тимови во светот. Да, го реков тоа и свесен сум што велам. На почетокот од сезоната беше тешко, се обидувавме да научиме едни од други, но во вториот дел сме вистински. Нашиот биланс дури и не покажува колку всушност сме добри“, изјави Џонс.
Партизан во моментов има биланс 14/12, а мора да се знае дека сезоната ја почна со само две победи на првите 10 натпревари.


