Српскиот и АБА шампион Црвена Звезда доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Баерн, во 28. коло од Евролигата.
Домаќините славеа со 100-82, но не ја надополнија негативата од 24 поени од првиот меѓусебен меч, па во случај на ист број бодови на крајот, Звезда би имала предност на табелата. Освен тоа, белградскиот тим и покрај поразот, остана во топ-6 и идната недела против Олимпија Милано ќе бара излез од мини кризата и двата пораза во низа.
Вечерва одлучувачки беа четирите минути во финишот од првото полувреме во кои Баерн направи серија од 13-0 и од 39-37, на одмор замина со 52-37, разлика која Звезда не успеа да ја надополни до крајот.
Германскиот првак со овој триумф го презеде местото на Звезда и сега е петтопласиран со една победа повеќе од својот вечерашен ривал.


