Екипата на Баерн доживеа неочекуван пораз од Макаби во Белград, но натпреварот го одбележа играчот на баварскиот тим Карсен Едвардс.
Американецот ќе остане запишан како кошаркар кој ја одиграл најдобрата, односно најефикасната четвртина во историјата на Евролигата. Во третиот квартал од дуелот со Макаби, тој постигна вкупно 26 поени, притоа погодувајќи осум тројки во низа од кои шест по ред за тимот на Баерн. Единственото промашување во таа четвртина го имаше на 25 секунди пред крајот.
Carsen Edwards just broke 2 EuroLeague records in one quarter 🚨@FCBBasketball
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 3, 2025
☔️ Most three pointers in one quarter: 8
😱 Most points in one quarter: 26 pic.twitter.com/as35pnwimy
Во останатите три четвртини од мечот, Едвардс погоди само една тројка и постигна вкупно девет поени, па Баерн загуби со 90-93 и во последното коло, на домашен терен против Фенербахче, ќе одлучува дали ќе игра во плејофот или плејаутот.


