Некогаш најдобриот европски кошаркар Никола Миротиќ ги поминува последните месеци во Олимпија Милано и идната сезона ќе има нов клуб.
Според француските медиуми, негова нова станица во кариерата ќе биде Монако за што се шпекулираше и минатата недела. Наводно, двете страни се веќе договорени и останува само трансфер-бомбата да биде официјализирана во следниот период.
Ако тоа се оствари, Монако ќе биде трет клуб за Миротиќ откако се врати во европската кошарка. Играше за Барселона, последните две сезони ги помина во Олимпија Милано, а во иднина ќе настапува во малото кнежевство. Во 2023 година беше поврзуван со Партизан, договорот беше пред потпис, но во последен момент Миротиќ ги извиси „црно-белите“.


