Репрезентацијата на Бугарија остана во игра за пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето, но ѝ е потребно чудо за да остане на местата кои водат на континенталниот шампионат.
Предводени од фантастичниот Александар Везенков, Бугарите на домашен терен ја победија Шведска со 81-77 по продолжение, но тоа не беше доволно за да имаат предност во однос на оваа селекција бидејќи на гости загубија со 14 поени разлика. Кошаркарот на Олимпијакос го одбележа натпреварот, постигнувајќи 40 поени, 18 скока и 4 асистенции за индекс 49, еден од највисоките во овој квалификациски циклус.
Ситуацијата во оваа група е мошне интересно, но Бугарија е во најтешка ситуација во пресрет на последното коло. Селекцијата на нашиот источен сосед е на последното место со биланс 2/3, колку што има и Шведска, но во шестото коло гостува кај лидерот и актуелен светски шампион Германија. Дури и во таков случај не е сигурно дека ќе се пласира на Европското првенство бидејќи во вториот меч играат Шведска и Црна Гора против кои Бугарите имаат негативен биланс.


