Екипата на Париз обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Франција откако вечерва го совлада актуелниот освојувач на пехарот ова натпреварување Дижон со 93-78.
Повторно одличен натпревар одигра македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 20 поени и 6 асистенции за потврда на одличната форма во која игра цела сезона. Ова е најголем успех на Париз во Купот на Франција имајќи предвид дека тимот од престолнината никогаш не отишол подалеку од осминафиналето.
За разлика од најголемиот број држави низ Европа, Купот на Франција не се игра со завршен турнир, туку продолжува во куп-систем до финалето на 25 април.


