Кошаркарот на Париз, Надир Хифи е добитник на престижното евролигашко признание ѕвезда во подем за сезоната 2024/25.
Французинот со алжирско потекло блескаше во својата дебитантска година во елитното натпреварување и, заедно со Ти Џеј Шортс, е најзаслужен за пласманот на Париз во плејинот. На 34 натпревари оваа сезона, Хифи просечно постигнуваше по 14,7 поени, 2,1 скока и 1,3 асистенции.
Со ова, 22-годишниот кошаркар го запиша своето име меѓу добитниците на големата награда која во минатото ја освојуваа големи ѕвезди, како Руди Фернандес, Данило Галинари, Новица Величковиќ, Рики Рубио, Никола Миротиќ, Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ итн.


