Во период од една недела, Олимпијакос претрпе три порази по ред во Евролигата и го доведе во прашање освојувањето на првото место на табелата по основниот дел од сезоната.
Иако плејофот одамна е обезбеден, а тимот од Пиреја ќе ја има и предноста на домашен терен во четвртфиналето, на навивачите не им се допаѓа лошата серија поради што синоќа го искритикуваа тренерот Јоргос Барцокас по поразот од Монако на домашен терен. Имаше извици, но еден од навивачите ја преминал границата и, според зборовите на тренерот, го опцул додека тој заминуваше кон соблекувалната.
Трофејниот стручњак тотално побудале и се врати да се тепа со нервозниот навивач. Брзо реагираше обезбедувањето кое спречи блиска средба, а грчките медиуми објавија дека навивачот бил приведен од полицијата, а потоа пуштен на слобода.


