Во исто време со дуелот меѓу Хрватска и Франција во Задар, во Тузла се играше натпреварот меѓу БиХ и Кипар.
Босанците беа големи фаворити за триумф на овој меч и ја оправдаа улогата, славејќи со 47 поени разлика, но сеоак се им зависеше од исходот во Задар. Натпреварот меѓу Хрватска и Франција заврши 15-тина минути подоцна, па временскиот вакуум беше пополнет со заедничко гледање на тој дуел преку големиот екран во салата Мејдан.
Reason 482 why you can't miss EuroBasket 2025: pic.twitter.com/bbaYNjd08E
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2025
Откако стана јасно дека Хрватска загуби, а репрезентацијата на БиХ обезбедува пласман на Европското првенство, играчите се качија на трибината кај најжестоките навивачи и заеднички го прославија големиот успех.


