Се погласни се најавите дека се подготвува кошаркарско натпреварување кое ќе биде во организација на НБА лигата, ќе и нанесе огромни штети на Евролигата.
НБА планира револуционерно ширење на европскиот пазар преку нова лига која би стартувала од сезоната 2026/27. Според литванскиот портал Basketnews, таа на почетокот би броела 10 екипи, а фокусот е повеќе на финансиски силните пазари, отколку на традиционалните кошаркарски центри.
Логично е Реал Мадрид да биде главна цел не само поради историјата на клубот, туку и затоа што се уште не потпишал нов десетгодишен договор со Евролига, оставајќи ја со тоа отворена вратата за НБА Европа. Ако Реал се приклучи, најверојатно истото ќе го стори и Барселона.
И Франција би требало да има два претставника, едниот од нив ќе биде Асвел преку сопственикот Тони Паркер кој е легенда на НБА, а вториот ќе биде од Париз, но не сегашниот евролигаш, туку кошаркарска секција на фудбалскиот гигант ПСЖ. Целта е и Англија каде е планирано кошаркарска екипа да направи и Манечестер Сити. Интересно е тоа што ПСЖ и Сити се во сопственост на инвеститори од Блискиот исток – Катар и ОАЕ.
Два клуба ќе добие Германија, едниот од Берлин, но не Алба и најверојатно Минхен, а како потенцијална локација се спомнува и Милано, но неизвесно е дали преку Олимпија или друг клуб. Во плановите на НБА ги нема екипите од Србија, Грција и Турција. Можеби Евролигата ќе преживее, но ќе продолжи без некои од најславните европски кошаркарски клубови.
Планот на НБА не е единствен со кој се лицитира во моментов. Неодамна се појави групација предводена од неколку инвеститори која планира да направи нова меѓународна лига со буџет од пет милијарди долари.


