Вчера во Барселона се одржа состанок на Бордот на директори на Евролигата на кој не се донесени заклучоци, но организацијата со соопштение во кое го дава своето мислење за најавеното формирање на НБА Европа.
На состанокот биле присутни и челниците на ФИБА Европа, Андреас Заглис и Хорхе Гарбахоса, а според соопштението, членови на Бордот ја искажале својата приврзаност на елитното кошаркарско натпреварување.
„Одборот ја потврди својата посветеност за продолжување на успешниот пат што го изгради во изминатите 25 години. Овој напредок се заснова на единство и одлучност, вредности кои денес се силни како и на почетокот. Со текот на годините, клубовите од Евролигата и Еврокупот инвестираа значителни ресурси и големи напори во обезбедувањето на најдоброто кошаркарско искуство за навивачите, издигнувајќи ја европската клупска кошарка на рекордни нивоа на интерес и комерцијален успех.
Ваквиот развој на настаните би ризикувал фрагментација и конфузија во спортот. Во исто време, одборот ја истакна својата отвореност за дијалог со која било страна која е навистина заинтересирана да придонесе за континуиран раст на европската кошарка. Сепак, остануваме решени да се спротивставиме на сите иницијативи кои ги поткопуваат основните вредности, наследството и базата на навивачи на европскиот спорт и ризикуваат да ги остават верните фанови зад себе“, се вели во соопштението од Евролига.
Фенербахче и Панатинаикос веќе ја искажаа својата поддршка кон Евролигата, додека Реал уште не се изјаснил дали ќе остане во ова натпреварување и по 2026 година. Шпанскиот гигант беше означен како главна цел на НБА Европа во процесот на создавање ноца лига, заедно со кошаркарските секции на Манчестер Сити и ПСЖ кои се во фаза на формирање.


