Николас Лапровитола нема да игра до крајот на сезоната, Јан Весели ќе се врати најрано кон средината на април, а нов проблем за тренерот на Барселона е денешната повреда на Кевин Пантер.
Американецот го повреди десното рамо на мечот против Тенерифе во Копа дел Реј и го напушти теренот на почетокот од второто полувреме. Се се случи при една акција кон противничкиот кош кога имаше благ контакт со Фран Гера и упати лошо додавање со болна гримаса на лицето. Потоа го напушти теренот и се фати за рамото, а држејќи се за раката замина во соблекувална и повеќе не се врати.
Евентуална потешка повреда на Пантер ќе претставува огромен проблем за Барселона во натамошниот дел од сезоната бидејќи тој беше најдобар играч на „каталонците“ досега.


