Италијанскиот првак Олимпија Милано доживеа тежок пораз во дербито со Виртус и дефинитивно ги загуби шансите за пласман во пост-сезоната од Евролигата.
Тимот од Болоња славеше со 90-70 во меч во кој водеше и со 28 поени разлика, но сега двете италијански екипи официјално испаднаа од трката за плејофот или плејинот. Виртус одамна остана без шанси, додека Олимпија Милано има две победи помалку од Париз и Црвена Звезда, на коло пред крајот на основниот дел.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ вечерва не беше во составот, поради повреда на грбот.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Олимпијакос 92-100
Црвена Звезда – Анадолу Ефес 96-97
Басконија – Асвел 111-75
Виртус – Олимпија Милано 90-70


